Кожув во полуфинале од БИБЛ лигата, следен противник Морнар од Црна Гора

Кожув успеа да обезбеди пласман полуфиналето на БИБЛ лигата откако во Бугарија го совлада Левски со 82:73 . Со ова победа решени се дилемите за втората позиција во групата Д. Со три победи и три порази гевгеличани за пласман во големото финале од БИБЛ лигата ќе играат со Морнар од Црна Гора.И минатата сезона Кожув се пласираше во полуфиналето но лани беше елиминиран од шампионот Сигал. Во вториот полуфинален меч играат Сигал од Приштина и Берое од Бугарија

Related posts

Младинките на Наковски волеј го „запечатија“ своето место во финалето на одбојкарското првенство

Брера триумфираше против Вардар, освои три доста важни бодови за опстанок во Прва лига

Отворено Државното првенство во одбојка за основни училишта во женска конкуренција