Сликарот Александар Иванов добитник на откупната награда „Несовршен простор“

Сликарот Александар Иванов е добитник на откупната награда во висина од 30 илјади денари во рамки на концептот „Несовршен простор“ за групна изложба на современи македонски сликари и активни автори, за сликата „Извор“, што ја организира Здружението за култура Транзен.

Делото на Александар Иванов ќе биде дел од изложбата “Несовршен простор” на која беа селектирани деветнаесет уметници. Изложбата ќе биде отворена на 26 октомври во Галерија на Музеј Струмица.

Проектот е во рамките на Г1 програмата на општина Струмица за поддршка на граѓански организации.

Related posts

ЦУК: Изби пожар во Домот за стари лица во струмичкото село Банско

Градоначалникот Костадинов со видео обраќање им го честиташе големиот христијански празник Велигден на сите верници

МВР со детали за сообраќајката кај Радовиш: Загинаа лица на 27 и 49 години