Во Струмица  обука за мерките за вработување

Денеска во Струмица се одржа првата координативна обука со Центрите за вработување и Центрите за социјални работи од општините кои гравитираат во југоисточна Македонија за запознавање со мерките за вработување предложени со измените на оперативниот план.

Младите и вработувањето на тешко вработливите категории граѓани се во фокусот на дополнувањата на оперативнииот план, велат од УНДП кои се партнери на Агенцијата за вработување во спроведувањето на мерките за вработување.

Директорката на АВРМ, Билјана Јованова вели дека акцентот е ставен врз младите и ранливите категории граѓани за нивна поголема конкурентност на пазарот на трудот.

 

Меѓу мерките кои минатата недела ги промовираа министерската за труд и социјална политика Мила Царовска  и Луиза Винтон од УНДП, предвидени се грантови за млади и старт ап компании во висина од 10 илјади евра, како и стимулирање на бизнис заедницата за нови 250 вработувања до крајот на годината.

За оваа намена обезбедени се шеснаесет милиони евра и дополнителни два милиони од ребалансот на Буџетот.

Освен во Струмица, координативни обуки ќе бидат организирани и во Скопје и во Струга.

Related posts

Две лица загинаа, а едно е повредено во сообраќајка на магистралниот пат Радовиш–Штип

Излезе од печат новата книга на Митрополитот Струмички Наум – „Еден од нас“

УХМР: Променливо време со појава на локални врнежи и град