Пешак загина во сообраќајна несреќа на улицата Борис Поп Димитров во Струмица

Жена на околу осумдесетгодишна возраст загина денеска попладне во сообраќајна несреќа на улицата Борис Поп Димитров во Струмица. Од здобиените повреди жената починала на местото на несреќата.

Полицијата го потврди настанот, увидна екипа е на местото на несреќата. Идентитетот на жртвата и детали за несреќата, полицијата дополнително ќе ги објави.

Related posts

Две лица загинаа, а едно е повредено во сообраќајка на магистралниот пат Радовиш–Штип

Излезе од печат новата книга на Митрополитот Струмички Наум – „Еден од нас“

УХМР: Променливо време со појава на локални врнежи и град