Борисов: Балканот треба да заборави на Голема Албанија, Голема Бугарија, Голема Грција, Голема Србија или Голема Македонија

Соседните земји и регионот да се развиваат без багажот на минатото, порачаа премиерите Заев и Борисов по заедничката седница во Струмица. Според нив само доколку се зајакнува довербата и соработката може да се доближиме до вредностите но и стандардот на Западна Европа.

„Нашите народи се пријателски и тие не очекуваат да зборуваме за минатото туку да обезбедиме напредок којшто живот значи за сите“, рече премиерот на Р.Македонија, Зоран Заев.

„Овде на Балканот треба многу да се внимава на термините што се употребуваат. Повеќе скромност наместо величење е тоа што ни е потребно. Јас уште на првата средба со Зоран реков дека треба да заборавиме на Голема Албанија, Голема Бугарија, Голема Србија, Голема Македонија или Голема Грција, ако сакаме просперитет и подобар стандард, близок до оној на Западна Европа“, рече бугарскиот премиер, Бојко Борисов.

Премиерите Заев и Борисов беа запрашани и за чувствителните теми, како македонскиот јазик. Дали е заштитен со договорот за добрососедство но и кое е мислењето на премиерот Борисов за постоењето на македонскиот јазик?

На денешната седница на вадите на македонија и Бугарија во домот на АРМ во Струмица, беа присутни по 11 министри и премиерите на двете држави. Тие потпишаа 9 годовори ие дна декларација кои акцент даваат на напредокот на добрососедските односи и зајакнување на дијалогот и партнерството меѓу двете земји.

Related posts

Што се случува со паричките кои туристите ги фрлаат во најпознатата фонтана во Рим?

Учителка од Србија не сака подарок за 8 Март: „Донирајте ги парите, јас имам сѐ“

(Видео) Познати јутубери разговараат за Александар Македонски: „Замисли, најпознатиот Грк во светот не е ни Грк