Од готово вересија – место победа Макс Струмица со реми против Пролет

Младинците на Макс Струмица прокоцкаа победа во дуелот со Пролет 62 од Скопје на свој терен. При резултат 23:22 и десетина секунди до крајот на средбата, младите струмички рисови тргнаа во напад со цел да постигнат уште еден гол.  Во брзиот напад, топката ја загубија а херојот на дуелот со Радовиш – Благој Терзиев во обид да ги сопре гостите направи прекршок што од судиите беше санкциониран со црвен картон и седмерц за Пролет 62 што го искористија за конечни 23:23.

Васко Наков со 12 голови беше најефикасен кај младите струмичани а втор стрелец беше Тасов со 5 погодоци. До крајот на есенскиот дел од младинскиот шампионат Група 2  струмичките „рисови“ имаат уште еден натпревар. Наредниот викенд патуваат за Делчево против  Вардар.

Со освоениот бод Макс Струмица е на третата позиција со 13 бода после Металург и Пролет 62 ипонатаму останува во игра за плеј офот за младински првак на Македонија

Related posts

Денеска предвелигденски Брера Струмица во Турново со штипска Брегалница за нова победа и опстанок

Младинките на Наковски волеј го „запечатија“ своето место во финалето на одбојкарското првенство

Брера триумфираше против Вардар, освои три доста важни бодови за опстанок во Прва лига