Викендот на Младост – Беласица КУП 2016 за млади фудбалери

Се е подготвено за фудбалскиот  турнир Беласица КУП што престојниот викенд ќе се одржи на спортскиот комплекс Младост во Струмица за фудбалери родени 2004-2005 но и за генерацијата 2006-2007. На турнирот во двете категории ке земат учество вкупно 17 екипи од земјава но и од Бугарија, Косово и Србија.

Во генерацијата 2004-2005 учествуваат Беласица, Лидер 2 од Лесковац Србија, Вихрен од Сандански Бугарија, Кул Пандев од Скопје и Шкендија од Тетово кои се во групата А а во групата Б се екипите на Академија Пандев, Куррику од Пришина Косово,Прилеп и Лидер 1 од Лесковац Србија

Во Генерацијата 2006-2007 на Беласица Куп ќе учествуваат домаќините, Мечетата од Петрич Бугарија, Кул Пандев од Скопје и Јанк боис од Неготино. Овие екипи се во групата А а во групата Б се тимовите на Академија Пандев, Шкендија од Тетово, А Постолов Пандев од Штип и Академија Нацев од Велес

Ова е втор младински турнир за пионери што го организира ФК Беласица. Според Славчо Васков Пинда истиот ке биде организиран на високо ниво , со оглед дека пристигаат над 200 дечиња во Струмица од земјава и странство

Беласица последниве години освен во првиот тим контуинирано вложува во младинските погони кои годинава се натпреваруваат и под капата на Фудбалската федерација на Македонија.

Распоред на дуелите

Related posts

Денеска предвелигденски Брера Струмица во Турново со штипска Брегалница за нова победа и опстанок

Младинките на Наковски волеј го „запечатија“ своето место во финалето на одбојкарското првенство

Брера триумфираше против Вардар, освои три доста важни бодови за опстанок во Прва лига