Намален е бројот на невработени лица во Струмица

Бројот на невработените лица регистрирани во Центарот за вработување во Струмица, значително се намалува. Ако во 2007 година биле евидентирани повеќе од 20.000 невработени лица, годинава нивниот број изнесува околу 11.000, од кои 2900 се активни баратели на работа, а останатите 8300 пасивни баратели на работа.

Од Центарот за вработување велат дека причината е тоа што, тие како институција имаат постојано контакт со невработените лица. Организираат обуки преку кои лицата имаат можност да се стекнат со соодветни знаење, а преку истите можат и да се пронајдат во некои од мерките за вработување што ги нуди агенцијата.

И податоците на Државниот завод за статистика потврдуваат намалување на невработеноста. Според најновите податоци, стапката на невработеност во земјава, во првиот квартал од 2016 година изнесува 24,5 % , а во истиот квартал од минатата година, изнесуваше 27,3 отсто, што значи дека за една година невработеноста се намалила за цели 2,8 проценти.

Related posts

Градоначалникот Костадинов со видео обраќање им го честиташе големиот христијански празник Велигден на сите верници

МВР со детали за сообраќајката кај Радовиш: Загинаа лица на 27 и 49 години

Општина Струмица одбележа 121 години од загинувањето на Гоце Делчев