Инсектите се многу активни на високи температури, велат агрономите

Инсектите се многу активни на високи температури, вели професор д-р Душан Спасов. Трипси, пајачиња, бели пеперутки, тута апсолута се само дел од многубројните инсектите кои можат да се јават во овој период од годината.  Затоа земјоделците треба да ги превземат сите заштитни мерки за нивно целосно уништување.

-„Земјоделците сеуште мака мачат со уништување на трипсите. Тие се толку штетни и опасни што можат дури да пренесуваат и вирусни заболувања, како на пример кај пиперките, доматите. Кај некои земјоделски култури веќе се присутни и пајачињата, а првите симптоми земјоделците ќе ги забележат на краевите од пластениците, а потоа постепено ќе се шират кон внатрешноста на оранжериите„-рече професор д-р Душан Спасов.

Агрономите препорачуваат, наводнувањето и ѓубрењето на земјоделските посеви да се врши во раните утрински часови кога почвата е релативно изладена. На тој начин ќе ги заштитат своите култури од болести и инсекти.

Related posts

Ученици од основните и средните училишта на општински натпревар по прва помош

РЦСОО „Никола Карев“ Струмица го одбележа својот патрон

Гевгеличанка измамила Грк со 2000 евра, лажела дека е вработена во Царина