Зимското прскање на овошните дрвца да се изврши најкасно до 15 март -порачуваат агроекспертите

Зимско прскање на овошните дрвца, поорачуваат агроекспертите. Според професор д-р Душан Спасов, во овој период се појавува т.н брашнеста штитеста вошка, и доколку не се спречи понатамошниот развој на овој инсект, може да дојде до сериозни оштетувања на растенијата. Најдобро средство против овој инсект е белото масло, вели Спасов.

Топлото време доведе до развој на одредени овошни дрвца. Затоа агроекспертите препорачуваат, производителите на овошје да внимаваат на концентрацијата на белото масло и на бакарот, за да не ги оштетат цветовите на растението.

Брашнеста штитеста вошка е инсект кој напаѓа повеќе видови овошни дрвца, кива, праска, сливи. Најповолен период за зимско прскање на овие растенија е периодот до 15 март, вели Спасов.

Related posts

Чешел и Кванташки пазар ќе работат со редовно работно време за велигденските празници

Костадинов: Се реализираат повеќе проекти во населеното место Банско

Црвен крст и Доброволното противпожарно друштво Струмица потпишаа меморандум за соработка