Достоинствен пораз на Макс од великанот Веспрем

Ракометарите на Макс Струмица  претрпеа достоинствен пораз од унгарскиот гигант Веспрем, фаворит за освојување на Сеха лигата . Унгарците излегоа со најсилниот состав и направија солидна предност на самиот почеток од средбата, но тоа не ги поколеба домакините  кои на полувреме заминаа со негатива од 9 гола 11:20. И второто полувреме беше со доминација на гостите од Унгарија кои дуелот го завршија со победа од 14 гола разлика што е далеку ,, подобар,, од оној во Веспрем арената каде струмичани измрзнаа со минус 34

Борче Соколов, Мирко Мајиќ и Стефан Чизмовиќ, беа најефикасните кај струмичани во чии редови како стрелец се запиша и Наков Васко  Милосављевик и Везенковски . Домаќините во ниту еден момент не потклекнаа пред Веспрем и покажаа дека борбеност и пожртвуваност во текот на целата средба.

,, Со четири повредени играчи и речиси младинци во првиот состав задоволен сум од играта на мојата екипа. Веспрем е великан и заслужено победи за што им честитаме,, истакна Ванчо Трендафилов

Related posts

Денеска предвелигденски Брера Струмица во Турново со штипска Брегалница за нова победа и опстанок

Младинките на Наковски волеј го „запечатија“ своето место во финалето на одбојкарското првенство

Брера триумфираше против Вардар, освои три доста важни бодови за опстанок во Прва лига