Виареџо тимот на Пандев ремизираше со младинскиот Шампион на Бугарија

Фудбалерите на ,,Академија Пандев,, ја изненадија најдобрата бугарска младинска екипа откако денеска пријателски одиграа 2:2 среде Софија. Во рамките на контролките пред заминувањето на интернационалниот турнир Виареџо Италија, младите ,,пандевци,, ремизираа со ДИТ – Софија која е најдобрата екипа во младинска конкуренција во бугарскиот шампионат.Струмичките млади надежи со головите на Петков и Мишов имаа предност и водство од 2:0 но во финишот од средбата дозволија домакините да дојдат до израмнување. Според информациите ,,Виареџо екипата,, на Академија Пандев одиграле одлично и борбено во текот на целиот натпревар додека младите бугари се изнамачиле да дојдат до мрежата на струмичани кои во петок заминуваат за Италија.

Related posts

Младинките на Наковски волеј го „запечатија“ своето место во финалето на одбојкарското првенство

Брера триумфираше против Вардар, освои три доста важни бодови за опстанок во Прва лига

Отворено Државното првенство во одбојка за основни училишта во женска конкуренција