Свет

Ако Србија не воведе санкции против Русија, може да ги загуби парите од ЕУ фондовите

Доколку Србија не воведе санкции кон Русија, извесно е дека таа земја тешко ќе пристапи до фондовите на ЕУ. Од нив државата во изминатите седум години доби 1,5 милијарди евра, пишува Нова.рс.

Имено, парламентот на германскиот Бундестаг усвои заклучок со наслов „Одбрана на мирот и слободата во Европа – сеопфатна поддршка за Украина“. Со него индиректно и порачува на Србија дека мора да избере – санкции против Русија или губење финансиска поддршка.

Во споменатиот документ, кој беше усвоен минатата недела, Бундестагот ја повика германската влада да предложи да се преиспита помошта од претпристапните фондови за кандидатите за членство во таа заедница кои избегнуваат воведување санкции кон Русија. 

„Имајќи предвид дека Србија е единствената земја-кандидат која не ја усогласила својата надворешна политика со Европската унија, јасно е дека оваа одредба се однесува на нашата земја и дека официјален Берлин е подготвен да преземе одредени чекори за – или санкционирање на Белград затоа што одбива да да наметне санкции или да биде принуден да го стори тоа“, се вели во текстот на Нова.рс.

Колку Србија добива годишно од претпристапните фондови

Владимир Меџак, од Европското движење, за весникот Нова.рс вели дека Србија добива околу 200-250 милиони евра годишно од претпристапните фондови. Ваква помош ЕУ добива од 2001 година.

„За 21 година Србија доби речиси четири милијарди евра грантови. Од наша сегашна гледна точка, тоа е многу финансиски важно, но не толку како пред 20 години. Сепак, штетата би била голема бидејќи од овие средства зависат многу проекти. Со ова се финансираат различни физибилити студии за проекти кои подоцна се финансираат од Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој“, објаснува тој, додавајќи дека доколку се забрани пристап до средства, Србија ќе мора тие пари да ги издвои од буџетот. 

Препорачуваме:

Абдала II: “Тоа што терористите се насочуваат кон Европа – тоа е дел на турската политика”

Силен земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија

Сузана Мицева

Грчкото тло повторно се тресе, и денес земјотрес со 4,4 сптепени по Рихтер

Dimitar Micev