• Tue. May 14th, 2024

Тупанчески: Перцепцијата за правосудството ќе се подобри ако за тешки кривични дела има пропорционални пресуди

Перцепцијата за правосудството ќе се подобри само во оној момент кога ќе докажеме како држава дека навистина за тешки кривични дела без оглед од која сфера се, дали се работи за кривично дело – економскиот криминал, компјутерскиот итн., ќе има пресуди кои ќе бидат пропорционални на неправото. Во таа насока ги охрабруваме судовите, обвинителствата и сите други институции што правораздаваат да бидат на нивото на задачата во смисла на тоа дека навистина веќе е зрело време во Република Северна Македонија да покажеме и на дело како треба да изгледа подобрувањето или квалитетот на правораздавањето.

Ова го изјави денеска министерот за правда Никола Тупанчески, одговарајќи на новинарски прашања, на маргините на 10-тата сесија на Работната група 3 – Правосудство и основни права (Поглавје 23) на тема „Актуелните предизвици во македонското правосудство низ перспективата на препораките на националната конвенција за Европската унија во Северна Македонија” во рамки на активностите од проектот Национална конвенција за Европската Унија во Северна Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *