• Mon. May 20th, 2024

Ковачевски: Пораката за светот како поле за културен натпревар меѓу народите го стави Гоце Делчев во редот на светските хуманисти

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски во својот текст на социјалните мрежи по повод 119 годишнината од смртта на Гоце Делчев истакнува дека тој беше лидер на идејата за независна македонска држава којашто ја споделуваа прогресивните сили на целиот тогашен Балкан, а неговите идеали и заложби остануваат и денес наша заедничка обврска да продолжиме да ја градиме државата како демократска и економски напредна земја.

-Денеска, на денот на загинувањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, ги чествуваме неговиот живот и дело како инспиратор и двигател на македонската револуционерна организација и оддаваме почит кон неговиот историски придонес за остварување на историската идеја за правото на Македонците да го остварат вековниот сон за своја самостојна држава.

Неговата порака за светот како поле за културен натпревар меѓу народите до денес не изгубила од својата актуелност и го вбројува Делчев во редот на светските хуманисти, рече Ковачевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *