Регион

Ацо Ристов едногласно избран за нов претседател на Советот на градоначалници на Југоисточен плански регион

Радовишкиот градоначалник, Ацо Ристов, денеска едногласно е избран за претседател на Советот на градоначалници на Југоисточниот плански регион. Ристов го почнува едногодишниот мандат на местото на досегашниот претседател Андон Сарамандов, градоначалник на Општина Гевгелија.

Ристов на денешната седница во Гевгелија рече дека тој ќе ги води седниците, но, очекува сите одлуки да се носат со консензус како и досега. Тој се надева дека следниот период како Совет на градоначалници и како Југоисточен плански регион ќе успеат да донесат повеќе проекти и повеќе средства за развој на регионот.

Препорачуваме:

Маркет Тинекс со ново руво повторно меѓу струмичани

Dimitar Micev

Утре полицајците од СВР Струмица ќе даруваат крв

Стојне Митева

ПОГЛЕД(Н)И – прва самостојна изложба на фотографии од Никола Станишлевиќ

Ѓ. K.