• Tue. May 21st, 2024

Градскиот мешан хор „Гортинија“ ќе одржи рокерски концерт

Градскиот мешан хор „Гортинија“ ќе одржи рокерски концерт. Настанот е закажан за 25 ноември, во Народниот театар Гевгелија. „Гортинија“ ќе го одржи својот Rock ‘n’ choir концерт под диригентската палка на диригентот, м-р Илија Атанасов.

Ќе бидат изведени 10 познати рок-нумери на групите и рок-пеачи: Toto, Guns N’ Roses, AC/DC, Deep Purple, Queen, „Леб и сол“, „Конкорд“, „Зијан“ и Леонард Коен. На „Гортинија“, во изведбата на овие рок-класици ќе му се придружат солистите: Цеца Демерџиева Динева, Теодора Атанасова, Дорис Старчева Јованова, Андон Михајлов, Теда -Теодора Гошева Капсарова, и Коце Динев, а за инструменталната позадина е формиран и рок-бенд, во состав на: Пенче Кралевбас-гитара, Момчило Делев- тапани, Коста Елбасановскиклавијатури, Слободан Крџев и Антонио Какров- гитара. Концертот
ќе започне во 19:30 часот, а влезот е слободен.

Рок-концертот на „Гортинија“ е поддржан од Министерството за култура, како и од Општина Гевгелија, преку Програмата за финанасиска поддршка на проектите и активностите од областа на културата за 2022 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *