Регион

99% од пестицидите се задржуваат во кората на плодот

Дури 99% од пестицидите се задржуваат во кората на плодот, смирува професор д-р Душан Спасов. Тој препорачува пред секое консумирање на овошје и зеленчук да се отстранува кората и лушпата, бидејќи на тој начин ќе се намали опасноста од внесување штетни материи во организмот.

Иако се штетни, пестицидите се многу корисни за земјоделското производство бидејќи се користат против болести и штетници.Со нивна правилна употреба ќе имаме здрава храна, посочува Спасов.

Одредени пестициди кои се користат во градинарството не можат да се употребуваат во овоштарството, и обратно. Затоа земјоделците треба многу да внимаваат при нивна употреба, вели Спасов.

Препорачуваме:

Млада мигрантка застрелана кај гевгелиската касарна

Сузана Мицева

Ќе продолжи реконструкцијата и реставрацијата на Цареви Кули и уредувањето на патеките

Сузана Мицева

Двајца струмичани под истрага, пренесувале марихуана на патот Ресен-Битола

Ване Трајков