• Mon. May 13th, 2024

Млада мигрантка застрелана кај гевгелиската касарна

Млада жена мигрантка утрово почина откако е застрелана кај гевгелиската касарна. Жената за која не се знае од каде е и на која возраст точно е,  бидејќи немала со себе лични документи, била дел од група мигранти кои со помош на двајца криумчари од Скопје се обиделе нелегално да ја поминат македонската територија.

Според МВР, полицијата ги запрела двете патнички возила мерцедес управувано од 26 годишен скопјанец и форд фокус што го управувал 51 годишен скопјанец. Возачите и мигрантите се обиделе да избегаат, а 26 годишникот нападнал полицаец обидувајќи се да му го одзеде пиштолот. Во соопштението на полицијата се вели дека тогаш полицаецот испукал еден куршум што завршил во телото на жената. Во придружба на полиција и Итната медицинска помош била префрлена до Општа болница Гевгелија каде е констатирана смрт.

За случајот е известен јавен обвинител и одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди за расчистување на случајот. Основното јавно бовинителство извршило увид и по документирање на случајот ќе се поднесат соодветни пријави.