• Mon. May 20th, 2024

Струмичкиот Музеј денеска отворен за посетители a за во четврток спремаат изложба

ByВане Трајков

Apr 18, 2023

По повод светскиот ден на културното наследство денеска Националната установа Завод и Музеј Струмица ја отвори постојаната музејска поставка со експонати кои сведочат за животот на овие простори од праисторијата па се до средината на 20 тиот век. Паралелно во ова установа во четврток ќе има и изложба на хартиени графички икони од 18 и 19 век превземена од прилепскиот музеј.

Како што соопштија од струмичкиот музеј денеска голем број на струмичани но и ученици ја посетиле постојаната постановка каде се интересирале пред се за раниот неолит но и за експонатите од НОБ.

НУ Завод и Музеј – Струмица во заедничка соработка со НУ Завод и Музеј – Прилеп ќе постави Изложба на хартиени – графички икони од XVIII и XIX век. Изложбата ќе биде поставена во просториите на Завод и Музеј во Струмица на 20 април од 19:30 часот.