Регион

42-годишен струмичанец тешко повреден во сообраќајна несреќа на патот Штип – Кадрифаково

На 29.12.2023 во 15.15 часот било пријавено дека на регионалниот пат Штип-Кадрифаково, кон с.Три Чешми се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „форд фокус“ со велешки регистарски ознаки, управувано од О.К.(52) од Велес, и патничко моторно возило „фолксваген голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.М.(42) од Струмица.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.М., а со телесни повреди се здобиле сопатничката Г.Д.(65) од Струмица и уште една малолетна сопатничка од истото возило, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

Препорачуваме:

Вработените во Основен Суд – Гевгелија донираат за борба против коронавирус

Dimitar Micev

Денеска сончево, утре дожд, грмежи и ветер

Ѓ. K.

Хелсиншки: Половина од жените се надвор од пазарот на труд

Стојне Митева