Регион

38 Седница на Советот на О.Струмица

Денес Советот на општина Струмица ја одржа 38-та седница. На дневниот ред беа предложени 31 точка. Сите беа усвоени од страна на советничката група на СДСМ, а советниците од ВМРО-ДПМНЕ уште пред самиот почеток ја напуштија седницата, со образложение дека градоначалникот Зоран Заев не присуствувал на истата. Советниците расправаа за следните точки:

  1. Предлог – Буџетски календар за подготовка и донесување на Буџетот на општина Струмица за 2017 година
  2. Предлог-Одлука за измена и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на општина Струмица за 2016 година
  3. Предлог – Одлука за утврдување на вредноста на бодот  за платите на државните службеници за 2016 година;
  4. Извештај  за работа на ЈПКД “Комуналец” Струмица  за периодот I-XII месец –  2015 година;
  5. Годишен извештај  за работа на ЈПКД “Комуналец” Струмица за  2015 година;
  6. Годишна сметка  на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за 2015 година;
  7. Одлука за хипотека од прв ред на недвижност на ЈПКД „Комуналец“ Струмица;
  8. Предлог – Одлука за давање согласност за обезбедени финансиски средства за вработување на определено време на еден извршител во ЈПЕД „Струмица – Гас“ Струмица;
  9. Предлог – Одлука за давање согласност за обезбедени финансиски средства за вработување на определено време на двајца извршители во ЈП „Паркиралишта- Струмица “ Струмица;
  10. Предлог – Одлука за донесување на Детален урбанистички план за една парцела, на КП бр. 3786/1, дел од Блок 14 (Блок 30 Урбана единица 2 согласно ГУП на град Струмица) – општина Струмица, плански период 2014 – 2019;
  11. Предлог – Одлука за донесување на Стратегија за локален економски развој на Општина Струмица за период 2016 – 2020 година;
  12. Предлог – Одлука за подготовка и имплементација на проект “Креирање на општинска културна мрежа” (Акроним: “CMCNET”);
  13. Предлог – Одлука за подготовка и имплементација на проект “Заштитни мерки за управување со животната средина” (Акроним: “RE-PRACTICE-REcycling”);
  14. Предлог – Одлука за подготовка и имплементација на проект “Промоција на туризмот и културата преку водните ресурси” (Акроним: “ToCulter”);
  15. Предлог – Одлука за утврдување на приоритет на Проект за изведба на „Пристапен пат до земјоделско земјиште во населено место Куклиш“;
  16. Предлог – Одлука за давање согласност за намена на инвестицијата за реализација на Проект за изведба на „Пристапен пат до земјоделско земјиште во населено место Куклиш“ ;
  17. Предлог – Решение за предлагање член во Управниот одбор на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Струмица;
  18. Годишна сметка со финансиски извештај на СОУ „Јане Сандански“ Струмица за 2015 година;
  19. Годишна сметка со финансиски извештај на СОУУД „Димитар Влахов“   Струмица за 2015 година;
  20. Годишна сметка со финансиски извештај на СОУ „Никола Карев“ Струмица за 2015 година;
  21. Годишна сметка со финансиски извештај на ООУ„Герас Цунев“ Просениково,  за 2015 година;
  22. Годишна сметка со финансиски извештај на ООУ„Гоце Делчев“ Вељуса за 2015 година;
  23. Годишна сметка со финансиски извештај на ООУ„Кирил и Методиј“ Дабиле  за 2015 година;
  24. Годишна сметка со финансиски извештај на ООУ„Даме Груев“ Куклиш за 2015 година;
  25. Годишна сметка со финансиски извештај на ООУ „Маршал Тито“ Муртино за 2015 година;
  26. Годишна сметка со финансиски извештај на ООУ „Никола Вапцаров“ Струмица за 2015 година;
  27. Годишна сметка со финансиски извештај на ООУ „Видое Подгорец“ Струмица за 2015 година;
  28. Годишна сметка со финансиски извештај на ООУ „Сандо Масев“ Струмица за 2015 година;
  29. Годишна сметка со финансиски извештај на ООУ „Маршал Тито“ Струмица за 2015 година;
  30. Годишна сметка со финансиски извештај на ООМУ „Боро Џони“ Струмица за 2015 година; и
  31. Годишна сметка со финансиски извештај на ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица за 2015 година.

 

Препорачуваме:

Бројот на новите средношколци во Струмица е преполовен, а во четири населени места нема првачиња

Ѓ. K.

Превенцијата како клучен фактор во зачувувањето на општото здравје на целата популација, меѓу главните акценти на Конгесот на педијатри во Струмица

Стојне Митева

Три лица повредени во Стојаково откако излетале од патот со патничко возило

Ване Трајков