Регион

25 илјади евра, злато, сребро и пиштол се украдени векендов од адвокатска канцеларија во Струмица

Вчера било пријавено дека на 20/21.01.2018 година во Струмица на ул.„Ленинова“ во адвокатска канцеларија на Ж.Л.(57), непознат сторител извршил тешка кражба.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека кражбата во полиција е пријавена вчера, а според пријавата сторителот насилно ја отворил влезната метална врата, влегол внатре и одзел околу 70.000 денари, 20.000 евра, еден рачен машки часовник, пиштол марка „ЦЗ“ калибар 9 мм и црна ташна во која имало 3.000 евра, 5.000 денари, златен и сребрен накит по што го напуштил местото на настанот.

Увид извршила увидна екипа од СВР Струмица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Препорачуваме:

Одложено пристигнувањето на првите вакцини

Стојне Митева

Општините да најдат модел и да им дозволат граѓаните можност за креирање локални политики

Ване Трајков

Од жена за жена, рурална мартовска кампања