Регион

Одбележана 75годишнината од убиството на првоборецот Герас Цунев

Денеска беше одбележана 75-годишнината од убиството на првоборецот Герас Цунев со пригодна свеченост која што се одржа пред спомен бистата во малиот градски парк.

За животот и делото на Цунев зборуваше Соња Чурлинова претседател на Општинскиот одбор на Сојузот на борците од НОАВМ, а од името на општина Струмица цвеќе на спомен бистата положи градоначалникот Коста Јаневски.

Членови на рецитаторската секција при домот за деца и млади „Благој Мучето“ изведоа рецитал посветен на Герас Цунев, а за неговиот револуционерен пат се одржа дебата во просториите на Општинскиот одбор на СБМ од НОАВМ во домот на АРМ.

Препорачуваме:

Забраната за движење во недела, на 24-ти мај, стапува во 11:00 часот и ќе трае до вторник, 26-ти мај, до 05:00 часот наутро,

Ване Трајков

Со „Генералка викенд“ исчистени повеќе локации во општина Гевгелија

Сузана Мицева

ВИДЕО: Маски на нива не се задолжителни ако се работи со членови на семејството