Забава

161 година од печатењето на Зборникот на Миладиновци

На 24 јуни 1861 во Загреб во печатницата на Анте Јакиќ, излегува од печат ЗБОРНИКОТ НА МИЛАДИНОВЦИ – најзначајната книга на македонската преродба, заедничко дело на струшките браќа Димитрија и Константин Миладинови.

– Зборникот бил финанасиран од хрватскиот бискуп Јосип Јурај Штросмаер, за што Константин во посветата му искажува голема благодарност;

– „ Зборникот “ од Миладиновци содржи 662 народни песни, собрани од Димитрија Миладинов, а отпечатени од Константина;

– Песните се поделени во групи: самовилски, други стари, црковни, јуначки, жаљовни, овчарски, ајдутски, смешни, љубовни, свадбени, свадбени од Прилеп, свадбени од прилепски села, свадбени од Велес, свадбени охридски, свадбени од Кукуш, лазарски, лазарски од Кукуш, жетварски: од Струга, од Прилеп, играчки (песни за заигрување деца), обичаи, верованија, игри, преданија, сопствени народни имиња, пословици, гатанки, слова…

[ЖЕТВАРСКИ] OД СТРУГА

[ЗАПЛАКАЛА МИ ГОЛЕМА НИВА]

Заплакала ми голема нива,

Голема нива на врв планина:

„Оф, леле боже, оф, мили боже!

Как не се најде најдобар јунак

Да ме изорат, да ме посеит

Бела пчеинца црнокласица!

Да му наполна девет амбари,

Да си оженит девет синои,

Да си омӑжит девет девојки,

10. Да си покрстит девет мнучина.“

На збор се најде најдобар јунак,

Ми ја изора, ми ја посеа,

Бела пчеинца црнокласица,

И му наполна девет амбари,

И си ожена девет синои,

И си омӑжи девет девојки

И си покрсти девет мнучина.

Препорачуваме:

Чудни феномени и заблуди на нашиот мозок

Време е за пресадување на собното цвеќе

Сузана Мицева

ВИДЕО- И рекол дека авион паѓа, па ја запросил

Dimitar Micev