Регион

Ќе се асфалтира уште еден километар од патот Чанаклија Нова маала

Почнаа работите за доизградба на патниот правец Чанаклија – Нова маала во општина Василево. Според градоначалникот Ванчо Стојанов, во оваа фаза ќе биде асфалтиран дел од патот во должина од еден километар и тоа почнувајќи од населеното место Чанаклија така што ова воедно ќе претставува и улица за жителите кои живеат во овој дел од селото.  Ширината на овој пат ќе биде 5 метри плус банкини со ширина од по половина метар од двете страни на патот.

Вкупниот буџет за оваа инвестиција изнесува 6,5 милиони денари од кои околу 5,2 милиони денари се од Бирото за регионален развој обезбедени преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и околу 1,3 милиони денари од општинскиот буџет.

Вкупната должина на локалниот  пат Чанаклија – Нова Маала  е околу 4 км. од кои досега се асфалтирани 1,3 км. од правецот на Нова Маала  кон Чанаклија.

Препорачуваме:

Преку ИПАРД македоснката преработувачка индустрија го модернизира производството

Хидросистемот Ѓавато мора да работи во лето-Дојранското Езеро има потреба од свежа вода

Сузана Мицева

Сомалиецот Мустафа Ахмед ја посети Бетмен куќата во Радовиш

Ѓ. K.