Свет

ЈУЖЕН СУДАН: СИЛУВАЊЕТО НА ЖЕНИТЕ КАКО СРЕДСТВО ЗА ПЛАЌАЊЕ

Јужен Судан им дозволува на своите борците како начин на плаќање да силуваат жени, соопшти канцеларијата на ОН за човекови права, пренесе АФП.

Како што се наведува, таму во моментот е „една од најстрашните ситуации на светот кога станува збор за човековите права“.

„Тимот за проценки собрал информации дека вооружените парамилиции кои изведуваат напади со СПЛА(јужносуданската војска) извршиле злодела под договор „направете што сакате и однесете што сакате“, се наведува во извештајот на ОН“.

Повеќето млади заради тоа како средство за плаќање краделе стока, лична имовина, силувале и киднапирале жени и девојки.

Канцеларијата на ОН за човекови права наведува дека во Јужен Судан луѓето кои ја поддржуваат опозицијата се спалуваат живи, ги затвараaт во контејнери за да се задушат, ги касапат и бесат.

Се наведува дека меѓу жртвите има и деца.

Исто така се наведува дека бруталните силувања се користат систематично „како инструмент за терор и како оруже за војување“.

„Ова е една од најстрашните ситуации на светот кога станува збор за човековите права“, наведува Зеид Рад ал Хусен, официјален претставник на ОН.

По стекнувањето на независноста од Судан во 2011 година, во Јужен Судан во декември 2013 година избувна граѓанска војна.

Препорачуваме:

Научниците потврдија: Слабеењето на Голфската струја речиси сигурно ќе се случи, а последиците ќе бидат глобални

Ѓ. K.

По силниот ураган во Москва, 14 загинати и 150 повредени

Dimitar Micev

Град во Канада целосно уништен од пожар по рекордните температури