Регион

Јубилејно 10 – то издание на ,,Под кулите на Струмица,, Фестивал на староградски песни и серенади

Традиционално, по десетти пат во градот под Царевите кули, синоќа се одржа Фестивалот на староградски песни и серенади „Под кулите на Струмица“.Распеани струмичани како домаќини велат дека традицијата мора да продолжи и да живее меѓу младите.

На овогодинешното издание „Под кулите на Струмица“, кое се одржа на големата сцена во Центарот за култура „Антон Панов“, Први настапија „Распеани Струмичани“, па „Распеани Радовишани“, „Распеани Валандовчани“, Октет „Прилеп“ и Група „Серенада“ од Петрич, Република Бугарија

Фестивалот кој симболично е насловен „Под кулите на Струмица“, по една од најпознатите струмички песни, е од ревијален карактер, а е под покровителство на градоначалникот и Советот на општина Струмица и Министерството за култура на Република Македонија.

Фестивалот нема натпреварувачки каракатер, а секоја година е смотра на ансамблите кои ги негуваат староградските песни и серенади.

Препорачуваме:

Фотографии на струмичанецот Влатко Деков го разубавуваат струмичкото градско корзо

Ване Трајков

ВИДЕО: Институционална негрижа и забавено донесување решенија. Сторија за баба Стефана од Вељуса

Стојне Митева

Општина Струмица ја посети  Ерик Мејер Заменик шеф на мисијата на Амбасадата на САД во Македонија

Сузана Мицева