• Tue. May 14th, 2024

Општина Струмица ја посети  Ерик Мејер Заменик шеф на мисијата на Амбасадата на САД во Македонија

Градоначалникот Костадин Костадинов денеска оствари средба со г. Ерик Мејер, Заменик шеф на мисијата на Амбасадата на САД во Република Северна Македонија и советникот во Амбасадата, г. Митко Бурчевски.

На средбата разговараа на актуелни теми и новите предизвици со кои се соочува општина Струмица, при што градоначалникот Костадинов, потврди дека и во време на криза, заедно со општинската администрација и Советот на општина Струмица  успешно ја менаџираат Општината и ги реализираат ветените проекти.

Во името на досегашната плодна соработка, и Костадинов и Мејер потенцираа дека продолжуваат уште повеќе да ги негуваат взаемното пријателство и поддршка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *