Регион

Четири лица фатени со два килограми марихуана

Полициски службеници од СВР Велес вчера ги лишиле од слобода Ѓ.П.(54) од село Ореше, општина Чашка, И.М.(47) од Струмица, Х.М.(37) од Кочани и Р.Г.(46) од село Богомила, општина Чашка.

– По претходни сознанија и преземени мерки и активности, полициски службеници извршиле преглед во патничките возила „рено сеник“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Х.М. и „фолксваген голф“ со велешки регистарски, управувано од Ѓ.П., а во кои се превезувале и другите лица. Притоа, во возилото „рено“ биле пронајдени околу два килограми марихуана, соопшти МВР.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Препорачуваме:

Димитар Рингачев доби трета награда на Меѓународен ликовен конкурс во Полска

Сузана Мицева

„Стига е“: Општините да ги стават на дневен ред точките за изгласување одлуки против Г1 индустрија

Сузана Мицева

Пчеларството во подем – нови пчелари во струмичко

Сузана Мицева