Регион

Црвен крст ја соопшти намената на собраните хуманитарни средства за помош на настраданите од земјотресите во Турција и Сирија

Соопштение за намена на собраните хуманитарни средства за помош на настраданото население од катастрофалните земјотреси во Турција и Сирија:

Црвениот крст упати голема благодарност до сите граѓани и правни субјекти за поддршката во хуманитарната акција на Црвениот крст за помош на настраданото население од катастрофалните земјотреси во Турција и Сирија и со големо задоволство, сака да ја информира јавноста дека во акцијата, вкупно е собрана донација на парични средства во вкупен износ од 63.380.807 денари.

Oд собраните средства, 12.427.334 денари, се испратени на сметката за Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, за помош на настраданото население во Сирија.

Црвениот крст на Република Северна Македонија по направените преговори со турската Црвената Полумесечина, на заеднички предлог, одлучи собраните хуманитарни средства во износ од 50.909.796 денари, да се наменат за изградба на училиште во градот Малатија. Новото училиште ќе го носи името на нашата држава, а 32 училници ќе ги носат имињата на градовите на нашата држава.

Овој акт ќе остави траен белег и доказ за солидарноста на граѓаните на РСМ кон граѓаните на Република Турција.

За текот на градбата на училиштето и инвестицијата, граѓаните и пошироката јавност, повремено ќе може се информираат на интернет страната на Црвениот крст на РСМ (www.redcross.org.mk).

Препорачуваме:

АКЦИЈА ЗА ДОНИРАЊЕ ХРАНА „НАХРАНИ 10.000“ ВО РАМКИ НА „НЕДЕЛА НА СОЛИДАРНОСТА“

Ване Трајков

Собраните средства од Хуманитарниот бадникарски концерт и Божиќниот базар Фондација Елеуса ги уплати за лекувањето на Дениса

Ѓ. K.

Од старите табли и закачалки направија забавни паноа за учениците

Сузана Мицева