• Thu. May 16th, 2024

Ракометарите на Пелистер и Вардар за трофејот од Супер Купот ќе се борат во Струмица

ByЃ. K.

Sep 4, 2023

РФМ одлучи натпреварот од Супер Купот да се одигра во Струмица.

Еурофарм Пелистер и Вардар ќе се борат за трофејот на 6 септември, со почеток од 18:00 часот во спортската сала „Парк“ (капацитет за околу 2000 навивачи).

Клубот од Струмица, Астраион, преку социјалните мрежи ги информираше љубителите на ракометот дека билетите се пуштени во продажба на билетарницата на салата „Парк“. Цената на билетите за ракометниот спектакл во Струмица е 150 денари.

By Ѓ. K.