Регион

Црвен крст постигна рекорд со поделени 9.500 чаеви на посетителите и учесниците на Струмичкиот карневал

Како и секоја година така и оваа ООЦК Струмица беше вклученa во активностите со Струмичкиот карневал.

Во периодот од 15.03.2024 г. (петок) до 17.03.2024 г. (недела) клубот на млади организира камп на кој присуствуваа 8 Општински организации од нашата земја и 1 од Србија – Раковица. Кампот се спроведе во просториите на Црвен крст Струмица.

Главната улога на Црвен крст беше делењето на чај на посетителите и учесниците и оваа година постигнаа рекорд со 9.500 поделени чаеви. Имаше и 4 мобилни тимови по прва помош кои имаа неколку интервенции.

Кампот помина во најдобар ред, со многу спомени, нови искуства и нови пријателства.

Препорачуваме:

Наградата Ристо Шишков за најдобро актерско остварување за Звездана Ангеловска

„Една серенада“ од Перо Христов го доби својот видео запис

Ѓ. K.

Бројот на Ковид 19 се намалува