• Fri. May 17th, 2024

„Една серенада“ од Перо Христов го доби својот видео запис

ByЃ. K.

Dec 25, 2023

Перо Христов веќе долго време е големо име на македонската естрада, а во 70-тите години беше и југословенска пејачка ѕвезда рамо до рамо со Здравко Чолиќ, Киќо Слабинац, Миро Унгар. Македонската публика го памети и како пејач на забавни мелодии, но најмногу како фолк интерпретатор со незаборавните „Во црно вино утеха нема“ и „Нема живот Ангелино“.

Непосредно пред новата 2024 година, како гостин во ТВ Канал Вис, Перо Христов најави видео запис за својата нова песна „Една серенада“. Видео записот се работеше во Битола, музиката и текстот се на на Петар Георгиев Калица, а аранжманот на Живојин Глишиќ. За видеото се погрижија: Агим Џело, Томе Влашевски – Куба, а во него учествуваат Антонија Божиновска Младен Коминовски Дарко Кулевски – Хармоника.

By Ѓ. K.