• Tue. May 14th, 2024

Потпишан Договорот за подготовка на активностите за изградба на откупен центар во Струмица

ByЃ. K.

Dec 25, 2023

Првиот човек на Општина Струмица, градоначалникот Костадинов најави нов капитален проект за развој и поддршка на струмичкото земјоделство.

Струмичкиот, како најголем регион за производство на храна, ќе добие современ откупен центар со капацитети за складирање на производството.

Денеска градоначалникот Костадинов и членовите на Советот, присуствуваа на потпишувањето на договор за избор на консултантска фирма за изградба на откупните центри во Струмица и Ресен.

Оваа инвестиција значи подобрување на квалитетот на земјоделските производи и воведување стандарди во земјоделското производство, со што ќе се зголеми вредноста и конкурентноста на земјоделските производи на меѓународните пазари, пред се во ЕУ.

By Ѓ. K.