• Thu. May 16th, 2024

Сите првачиња во општина Василево добија новогодишни пакетчиња

ByЃ. K.

Dec 25, 2023

„Децата се нашата иднина и ќе направиме се за нивната среќа.Обезбедени пакетчиња за сите првачиња во нашата општина. Нема поубаво нешто од детската насмевка, од чувството дека сте ги направиле среќни макар за миг, на каков било начин“, порача градоначалникот на Општина Василево, Славе Андонов.

Тој им посака здравје, среќа и многу љубов во сите денови кои доаѓаат во новата година.

Градоначалникот Славе Андонов најави дека во наредните денови ќе бидат поделени пакетчињата во подрачните училишта на ООУ „Атанас Нивичански“ и ООУ „Гоце Делчев“.

By Ѓ. K.