• Tue. May 21st, 2024

Рудникот Бучим донираше комбе за потребите на учениците и граѓанскиот сектор во Општина Радовиш

ByЃ. K.

Dec 25, 2023

Оваа донација е поттикната од потребите на Општина Радовиш и училиштата кои имаат потреба за превоз и реализација на практична настава, а исто така оваа комбе ќе се користи и од членовите на културните друштва, НВО сектор и спортските клубови кои ќе треба да патуваат.

„Во разговор со менаџментот од Рудникот Бучим одлучивме дека вакво возило за ваква намена му е потребно на Радовиш и еве денеска се остварува донацијата на оваа возило за општина Радовиш и граѓаните на општина Радовиш. Во оваа прилика сакам да искажам благодарност до Рудникот Бучим кој покажа уште еднаш дека има разбрање за сите оние потреби на граѓаните и секогаш се тука да помогнат“ – истакна градоначалникот Ацо Ристов.

By Ѓ. K.