Регион

Есенските шампионки, одбојкарките на ОК „Струмица“ гости во кабинетот на градоначалникот Костадинов

Струмица е шампионски град и дефинитивно град на одбојката. По многуте освоени шампионски и куп титули во машка конкуренција, голема е шансата Струмица да добие шампион и во женска конкуренција, по цели три децении.

Тоа беше една од денешните теми на разговор во кабинетот на градоначалникот Костадинов, во кој тој ги прими одбојкарките на ОК „Струмица“ – жени, откако станаа есенски шампионки во најелитното женско одбојкарско друштво на Македонија.

Во нивна придружба беа и тренерите Гоце Кончалиев и Вера Божијанова, како и претседателката на клубот Јасминка Пандева, поранешна одбојкарка и членка на ОК „ Техно Интер“ и ОК „Македонија Траншпед“, кои пред 30 години беа први шампиони во независна Македонија.

Костадинов им честиташе на есенските шампионки за постигнатиот успех и им посака да истраат во борбата за тронот, сѐ до крајот на сезоната.

Препорачуваме:

Излезеноста на референдумот во Струмица до 11 часот е 8.53%

Се уште се расчистува „Глобал“

Тројца починати и 76 новозаразени со Ковид-19 во Струмица последните 24 часа

Сузана Мицева