Регион

Цената на пченицата достигна рекорд

Цената на пченицата достигна рекорд

Цената на пченицата во светот достигна рекорд од 2008 година поради загриженоста за можни нарушувања во снабдувањето со жито, објави „Market Watch“.

Меѓу другото, котациите за мајските фјучерси за пченица на берзата во Чикаго се зголемија во средата за 7,6 отсто на 390 долари за тон.

Мартовските фјучерси за зимската пченица на берзата во Канзас Сити се искачија на 368,53, а за пролетната пченица во Минеаполис 387,18 долари за тон. Незначително пораснале и договорите за пченка, за 1,3 отсто на 290 долари за тон, што е рекорд од 2013 година.

Причина за зголемувањето е војната во Украина. Аналитичарите потсетуваат дека Русија и Украина се најголеми производители на пченица и тие учествуваат со околу 30 отсто од светскиот извоз.

Препорачуваме:

ДИК верува дека нема да ги има гужвите и недоразбирањата од првиот изборен круг

Ване Трајков

ЦУК: Да се избегнува движење покрај надојдени реки и потоци

Директорот на Општа Болница – Струмица со фејсбук статус за граѓаните кои пристигнаа ог Германија

Dimitar Micev