• Wed. May 15th, 2024

Денеска нови цени на горивата

Денеска нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ во следните седум дена.

Минатата недела горивата поскапеа за 1,5 денари.

Ова се актуелните цени на нафтените деривати:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 86,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 75,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 74,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 48,170 (денари/килограм)

Се очекува одлуката која денеска ќе ја донесе РКЕ да значи ново поскапување на нафтените деривати. Власта ваквите информации не ги демантира. Вели доколку се донесе таква одлука, Македонија сепак ќе ги има најниските цени во регионот.

-Ве уверувам дека цените на нафтата и нафтените деривати во Северна Македонија ќе бидат најконкурентни и најмали ако ги споредуваме со цените на соседите, истакна вчера министерот за економија Крешник Бектеши кој потенцираше дека сите резерви и државни и оперативни се полни, а испораките се прават редовно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *