Регион

Царовска во посета на првите лица коишто излегоа од Заводот за рехабилитација „Бања Банско“

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, ги посети првите деинституционализирани лица од ЈУ Завод за рехабилитација „Бања Банско“, институција за згрижување лица со физичка попреченост. Парот Фанка Динова и Јонче Гогов од април годинава ја напуштија установата и се преселија во семејната куќа на Фанка, во гевгелиското село Миравци. Обајцата претходно беа сместени во Заводот уште како деца и во него поминале повеќе од триесет години.

„Посебно се радувам што процесот на деинституционализација со кој изминатиот период беа опфатени само децата згрижени во институции, сега се спроведува и за повозрасните лица. Нашите заложби се во следните три години повеќе да нема лица сместени во институции и тие да станат дел од општетсвото, да живеат самостојно во заедницата со соодветна поддршка за што веќе развиваме сервиси на локално нивно“, рече министерката Царовска.

Препорачуваме:

Болест го сотрува расадот на тутунарите во струмичко

Наредната недела се очекува да профункционира модуларната болница во Струмица

ВИДЕО: Бегаме од смрт за да најдеме друг вид на смрт!

Dimitar Micev