• Fri. May 10th, 2024

Струмичани сеуште го чекаат новиот оглас за распределбата на социјалните станови

????????????????????????????????????

Министерството за транспорт и врски денес започна со изградба на нова социјална зграда во Неготино и вели дека за 18 месеци ќе биде готова.Социјална зграда изгради и во Струмица ама становите се сеуште празни.Осткако беше готова од министерството се пофалија дека е распишан и огласот за 37 стана , но за неколку месеци го поништија.Образложението на министерството за поништениот оглас беше дека била некомплетната документацијата на апликантите. 80 апликации пристигнале до нив ,но 20 од нив имале комплетна документација.Поради фактот што регуларни биле само неколку апликации немале начин како да ја извршат распределбата. Покарај овој факт од ресорното министерство велат дека сега пред да се распише новиот оглас за распределба на 37 те стана ќе мора истиот да го усогласат со новиот закон за социјалана заштита кој беше донесен минатиот месец.Именно, со новите законски реформи се налага дополнително да се внесат една до две нови категории на граѓани кои ќе имаат право да аплициираат и рамноправно да учествуваат во аплицирање за нов социјален стан.Досегашниот оглас опфаќаше само 7 категории на граѓани а сега бројот ќе се зголеми.
Од министерството сеуште нема распишано нов оглас и не се знае кога истиот ќе биде отворен.Она кое е сигурно е дека документацијата и овој пат ќе се поднесува во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Струмица, каде ќе се обезбеди помош за лицата кои не се во можност сами да ги комплетираат документите. Подносителот на барањето за добивање на социјален стан може да поднесе документација и да аплицира само за една од неколкуте категории кои ќе ја имаат можноста за социјаленстан.
Зградата е лоцирана на ул. „Ѓорѓи Василев“ во Струмица. Во неа има 41 стан, од нив четири веќе се доделени на Министерството за труд и социјална политика кое пак ги подели на граѓани од најранливите категории. Истата е изградена преку Програмата на АД за изградба и стопанисување со јавен и државен простор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *