Регион

Царинските службеници на Граничниот премин „Ново Село“ на македонско-бугарската граница открија обид за криумчарење на текстилна стока кај македонски државјанин.

64 парчиња облека (панталони, тренерки, маици и чорапи) и 3 пара патики, откриени при контрола на македонски автомобил управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Ново Село. Непријавените производи, пронајдени во багажникот под резервната гума и во патни торби завиткани во стара облека, под задното седиште и во преградите од вратите, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка“ – информираат одЦаринската управа.

Препорачуваме:

Видео: Смоквијада 2020: Слаткото од смокви ќе се вари во домашните дворови

ВИДЕО: Полјоделците може да вршат сеидба до Нова Година

Отежнат сообраќајот на повеќе патни правци

Стојне Митева