Спорт

Фото – Пандевци родени 2003 и 2004 регионални Шампиони, првенствата ги поминаа без пораз

Завршија фудбалските натпреварувањата во сите младински погони што беа под капата на ФФМ а Академија Пандев и ова година ги однесе пехарите во регионалните детски лиги. Генерацијата 2001 станаа КУП Шампиони, генерацијата 2003 ем КУП победници ем регионални Шампиони, генерација 2004 помали петлиња регионални Шампиони

Ова значи дека  генерациите 2003 и 2004 или со фудбалски жаргон петлињата и помладите петлиња се новите регионални фудбалски шампиони бидејки  во земјава се три региони и не се разигрува за апсолутен шампион. Децата на Академијата предводени од Ѓорги Стојчев и Петре Андреев прикажаа доминација во секој сегмент од фудбалската игра

Помладите петлиња, дечиња родени 2004та година, на две кола пред крајот на првенството имаат 50 бодови, со скор од 16 победи и 2 нерешени резултати и ниту еден пораз, односно 83 постигнати гола и само 5 примени.

Петлињата, дечиња родени 2003та генерација, сезоната ја завршија со 43 бода, со скор од 14 победи, 1 нерешен резултат и ниту еден пораз, односно 60 постигнати и 8 примени голови.

 

 

 

 

Препорачуваме:

ФФМ треба да ја казни Шкендија а мечот службено да го добие А. Пандев, оти правилата се јасни- младинец мора да игра, тврдаат фудбалските работници

Лидерот убедливо го доби првото струмичко плеј-оф полуфинале

Ѓ. K.

Видео: Мијалов – повторно злато во Србија

Ване Трајков