Регион

Заврши проектот „Еко градинки за одржлива иднина“

Заврши проектот „Еко градинки за одржлива иднина“ спроведуван меѓу Општина Струмица и Општина Ќустендил, Република Бугарија, а финансиран преку ИНТЕРРЕГ ИПА програмата за прекугранична соработка. Целосно реновирање на објектот на градинката во паркот, како и други инфраструктурни зафати во другите клонови се дел од инвестициските зафати кои беа финансисрани преку проектот во кој 400 илјади евра рамноправно се поделени меѓу партнер општините.

Експертите велат дека овој проект преку работилниците и имплементацијата на еко учењето во градинките, создавањето еко кабинети и стекнување навики за чиста животна средина се пример кој треба да се имплементира во сите претшколки институции.

Струмица останува посветена на развојот на општината преку воспитно-образовниот процес, зачувувањето на чистата животна средина, и искористувањето на потенцијалите на европските фондови.

Кофинансиер на проектот е министерството за локална сaмоуправа, од каде велат дека ќе продолжи поддршката за општините за реализација на европски проекти.

Програмата заврши со потпишување меморандум за соработка меѓу двете градинки, како и забава во градинката во паркот каде што беа излоежени цртежи со еко содржини изработени од децата од двете градинки, а децата ја промовираа и еко химната на проектот. Денешниот настан се совпадна со Светскиот ден за заштита на чистата животна средина.

 

 

Препорачуваме:

Општините да овозможат подобри услови за женското претприемништво

Ване Трајков

СОУ „Јане Сандански“ организираше ликовна работилница под мотото „Светот го сочинуваат различностите“

Ѓ. K.

ОПШТИНСКА ПОМОШ ЗА РАНЛИВИТЕ КАТЕГОРИИ ГРАЃАНИ ВО РАДОВИШ

Ване Трајков