Регион

Фото: Елка од книги во СОУ ,,Никола Карев’’ со порака – да се чита повеќе во 2018 !

Средношколците од училиштето ,, Никола Карев ’’ од Струмица , членови на литературната секција а по идеја на Активот по македонски јазик и литература изработија новогодишна елка од книги  со порака идната година да се чита многу повеќе. Елката ја изработија учениците од 4-2 и 4-5 клас  кои користеа книги од школската библиотека и со новогодишни реквизити истата ја украсија. 

,, Наша цел со ова новогодишната елка од книги е да се стави акцент на читањето бидејки на тој начин ги прошируваме нашите видици и знаења. Сакаме да упатиме апел за време на зимскиот распуст,  да се искористи секое слободно време, и место на комјутери и на телефони да се посветиме на книгата и да прочитаме неко дело,, коментираа учениците од овие два класа

Инаку новогодишната елка од книги од сите  жанрови е поставена во холот на училиштето а идејата е на професорот Ице Беличев со што се сложија и од активот по македонски јазик и литература но и средношколците од ова училиште.

 

 

Препорачуваме:

Наредната недела се очекува да профункционира модуларната болница во Струмица

Од денеска кафулињата ги отвораат вратите. Ќе работат од 8 часот до 22 часот

Стојне Митева

Се поставува нов канализационен крак во Пиперево по што ќе следи асфалтирање на улица