Забава

Фотограф ги пронашол луѓето кои што ги сликал пред речиси 40 години

Фотографот Крис Порз е познат уличен фотограф од Англија. Во текот на седумдесетите и осумдесетите години на 20 век работел во градот Питербороу и сликал одлични фотографии од тогашните романтичари, бунтовници и авантуристи. По 20-30 години решил да ги пронајде луѓето кои што ги сликал кога бил помлад. Тоа му успеало, а забележал и значителни, но и занимливи промени во нивните животи.

Дог и Тина 1985 и 2015
Дог и Тина биле панкери. Левата фотографија е направена кога Тина имала 18 години. Подоцна заедно го напуштиле градот и отишле на големо патување. Имаат близнаци, но повеќе не се заедно. Таа живее во Англија, а тој во Велс. Кога Дог ја видел старата фотографија се пошегувал: -Беа тоа добри времиња, имав коса.

Бакнеж на железничката станица 1980 и 2009 година. Тони во 1980 имал 22, а Сали 21 година. Toj работел како учител, а таа во градската власт. Денес обајцата работат во Личфилд како учители и имаат две деца.
Во златарницата 1990 и 2015. Вики Грејси две години работела во златарница. Подоцна работела и во кафуле, бутик, фризерски салон и ресторан. Денес работи како советничка.
Железниот Мик 1980 и 2016 година. Стив озборн е наречен „Железниот Мик“ бидејќи во текот на осумдесетите повеќепати ја скршил ногата возејќи го моторот, па лекарите му вградиле метална поддршка за коските. Вели дека и по операцијата продолжил да вози мотор. Денес живее во англиски Спалдинг и има жена и деца.
Сладоледи 1981 и 2015. Дона Јарнел имала пет години кога биле фотографирана со својот тригодишен брат како јадат сладолед во градината пред нивната куќа. Нејзиното семејство се преселило од куќата по две години, па им се вратија многу спомени кога двајцата се вратија во февруари 2015 за повторно да се фотографираат. „Бев многу изненадена бидејќи предната врата беше идентична како тогаш“, рече Дона која работи во паб, се’ уште живее во Питербороу и има четири ќерки.
Дејвид Харви и Тим Годман 1980 и 2010. Бриџ Стрит. Дејвид Харви тогаш бил полицаец, сега е пензиониран. Син му е полицаец во Лондон. Тим Годман има шест деца и е успешен бизнисмен.
Пријатели 1982 и 2011. Под Гилдол, Катедрал Сквер. Пени, трите сестри, Сара, Луиза, Керол и Џулиет. Во фотографијата снимена во 2011, Алисон (последната од десно), го зазеде местото на сестра 4 Џулиет, која за жал е почината.
Пет момичиња што трчаат 1987 и 2016. Енди, кој 21 година е во брак и има ќерка, рече: „Се сеќавам дека ја игравме аркадната игра Феникс којашто вклучуваше птици кои излегуваа од јајца.“ По напуштањето на училиштето Енди влезе во Армијата и и возеше камиони во Транспортниот Корпус. Тој замина во 1987 година и работеше во кралската Пошта во Верингтон, близу Питербороу. Ричард сега е електричар во Питербороу, оженет е и има две момчиња. Тој рече: „Бевме околу 70 во нашата школска генерација и бевме многу блиски“. Тие беа среќни времиња. Тони Џејмс работи како каменорежач и има две деца. Арно работи во Икеа, оженет е и има три момчиња. Девингер се преселил во Јоркшир во 1986, оженет е има две момчиња и работи во Здружение за домување.Тие организираат школски средби и планираат да останат во контакт.
Сестри 1980 и 2013. Од лево кон десно, Шехназ Бегум, нејзината близначка Рухсана, и нивната постара сестра Итрат се забележани како седат на прозорецот од нивната куќа на Кромвел Роад. „Имавме навика често да седиме на прозорецот и да набљудуваме што се случува надвор, рече Шехназ. Моајта блзиначка и јас имавме по седум години, а сестра ми Итрат, девет.Сакавме да возиме велосипеди со другите деца на улицата, и бевме добри пријатели со уште еден пар близнаци.“ Трите сестри се’ уште живеат во Питербороу и редовно се гледаат. Шехназ, која има ќерка и е разведена, се грижи за стари и лица со посебни потреби, заедно со нејзината близначка која е премажена и има пет деца. Итрат работи во пошта, омажена е и има шест деца.
Добри пријатели 1980 и 2015. Четворицата се се’ уште добри пријатели и беа воодушевени да ја обноват старата фотографија
Балони 1980 и 2012. Сестрите Ана (лево) и Ема Ханкинс биле фотографирани како прават балони со мастики за џвакање Хуба Буба. Ана имала 11, а Ема 13 години. Девојчињата ја чекале мајка им која била на шопинг. Сестрите кои имале кариери како фризерки, сега се во брак и имаат семејства. Тие се’ уште живеат во Питербороу и иредовно се гледаат. Ана сега работи во аптека, а Ема за телевизискиот канал за продажба, Идеал Ворлд.
Месар 1980 и 2015. Ричард Прајз почнал да работи како касап кога на 15 години го напуштил училиштето, а на првата фотографија е претставен како седумнаесетгодишник пред месарницата. Во 2015 е фотографиран повторно пред месарницата којашто сега е кафуле. Тој работи како забавувач.
Иан Медлер и Питер Јетс 1980 и 2010. На првата фотографија Иан и Питер гордо се движат по улицата. На втората од 2010 година, Питер оди покрај братот на Иан, Алан.
Пин Беџес 1970 и 2013. Панкерите Џон Ч’рч, Гери Бекет, Ед Лоренс и Пипа Хоџсон, се прикажани на Катедрал Сквер како носат значки. Џон, кој сега е сликар и декоратор во градот, рече:„Другите момци беа школски другари, а Пипа ни беше заедничка пријателка. Се дружевме и слушавме панк музика. На фотографијата недостасува Пипа, која сега живее во Шпанија.
Продавач на сладолед 1980 и 2014. Генесио (Џино) Борило, купил комбе кога од Италија се доселил во Питербороу, и во текот на летото продавал сладолед низ градот. Во 1992 година отворил ресторан за тестенини во кој сега работи и неговата ќерка.
Розевиот Мохиканец 1985 и 2016. Панк Баџер Форс се4 уште се сеќава кога победи на натпреварот во јадење пица на Катедрал Сквер. Натпреварот го организираше Стефан Малајни, кој управуваше со ресторанот Папа Луиџи. Стефан рекол: „Се сеќавам дека Баџер ја изеде својата пица за околу две минути што беше многу брзо.“

Препорачуваме:

Раф Симонс,од брендот Калвин Клајн -најдобар моден дизајнер за 2017 година

Dimitar Micev

Видео: Занаетите сѐ уште атрактивни за младите струмичани

Сузана Мицева

Метеорскиот дожд „Персеиди“ вечерва ќе приреди космичко шоу

Ѓ. K.