Регион

Падот на откупната цена на почеток на сезоната- резултат на стихијноста во домашниот аграр

Ниските откупни цени им создаваат главоболки на земјоделците за време на секоја сезона. Први на удар се најдоа производителите на зелка, кој до пред некој ден ја продаваа по 50 денари, а со почетокот на откупот по 30 денари по килограм.

Од здруженијата на земјоделци велат дека градинарите не треба да се загрижени доколку оваа цена се задржи до крајот на април. Во спротивно, фармерите ќе претрпат големи финансики штети. Овие движења со цените ја покажуваат стихијноста на домашниот аграр.

Земјоделците обвинуваат дека побарувачка за зелка има, се сомневаат во таен договор меѓу откупувачите. Доколку постои ваква пракса на откупувачите, на среден рок ќе биде на нивна штета, дециден е Велков.

За годинава земјоделците немаат најави за ценат апо која би го продавале својот род. Затоа бараат стратегија договорена меѓу земјоделските власти, научната фела, земјоделците, откупувачите и преработувачите со која ќе се стави ред на домашното производство.

Препорачуваме:

УХМР: Облачно и врнежливо, на повисоките места снег

Стојне Митева

Да помогнеме на Мартин.Струга веќе е на нозе за поддршка на Мартин

Стојне Митева

132 илјади вработени во јавниот сектор 73% Македонци, а 20% Албанци

Стојне Митева