• Tue. May 21st, 2024

ФК Тиверија во среда одбележува 95 години постоење !

ByВане Трајков

Feb 26, 2018

ФК ,,Тиверија” од Струмица во среда ќе одбележи 95 години од формирањето на овој клуб, низ кој имат поминато голем број фудбалери и фудбалски работници. Од таа причина клубот ги повикува и поканува сите поранешни и сегашни фудбалери, тренери, функционери и спортски работници од клубот и воопшто на спортот во нашиот град да присуствуваат на едно заедничко дружење што ќе биде во Домот на АРМ  во среда на 28.02.2018 година со почеток од 19:00 часот

Инаку Тиверија во своето постоење имаше свои блескави моменти и преставуваше расадник на квалитетни фудбалери. Сега е дел од Третата фудбалска лига.

Тиверија е формирано во далечната 1923 година. Според некои податоци и сеќавања од постарите навивачи на Тиверија спортското друштво е формирано пред клубот Беласица. Но тогашните српски власти, со оглед на тоа што иницијаторите за формирање на новиот клуб биле членови на тогашното работничко движење, ја попречувале и отежнувале работата, клубот официјално бил регистриран на 13 ти февруари 1923 година. Како основачи на Тиверија се спомнуваат: Ристо Заев-Зајакот, Љамо Џатев, Благој Карабакочев-Барбата, Мито Маџиров, Ристо Вртев-Сликарот, Глигор Дрваров и Ѓорги Тангачев.   За секретар на клубот бил избран Момчило Попов. Интересно е што на своето прво гостување во Солун 1924 година фудбалерите патувале со запрежни коли.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *