Спорт

Заради временските неприлики, Пандев КУП ќе се одржи од 7 до 10 март

Поради временските неприлики, снегот и ниските температури,  Ф.К. Академија Пандев информира дека интернационалниот турнир ,,Пандев Куп,, ќе биде одложен за седум дена и ќе се игра од 07-10.03.2018.

,,Нашата примарна грижа е здравјето и добросостојбата на младите играчи како и на фановите,, стои во известувањето од клубот

На турнирот според најавите ќе земат учество 16 клубови од Македонија, Бугарија, Србија и Хрватска кои во Струмица доаѓаат  со по четири тима во различни возрасни категории.  Станува збор за турнир за фудбалери родени генерација 2006, 2007, 2008 и 2009 година и на истиот во Струмица треба да допатуваат над 700 дечиња.

Според најавите од Академијата натпреварите ќе се играат на стадионот Младост во Струмица но и на фудбалските игралишта во Василево и Турново. ПАНДЕВ КУП 2018  треба да биде убава можност да се виде потенцијалот на македонскиот фудбал во споменатите генерации за што се пријавени дечиња од повеке клубови од земјава во однос на фудбалските школи од Балканот но и да биде увертира за силните турнири што Академијата ги планира. Инаку ПАНДЕВ  КУП  2018 ќе се одржи благодарение на поддршката од  општина Струмица, ФФМ и Агенцијата за млади и спорт

Препорачуваме:

Комисија за натпреварувањe- Предлог одлуки за продолжување на првенството во Прва МФЛ

Ване Трајков

Заврши турнирот ,,Филип Лазаревски,, екипата на ФФМ најдобра

Ване Трајков

Видео: Сашко Пандев го казни Хоризонт Турново за седма победа на А.Пандев

Ване Трајков